Европа: Розберг ја победи монотонијата

Формула 1 Голема Награда на Европа се врати во календарот по 2012 година во Валенсија и за првпат на новата улична патека во Баку, Азербејџан. Во текот на викендот, Мерцедес беа супериорни со својата форма. Грешката на Хамилтон во квалификации го позиционираше на 10та стартна позиција и тоа беше доволно за да очекуваме возбудлива трка.

Но по трките во ГП2 серијата, кадешто инцидентите и безбедносното возило беа постојана појава, возачите од Формула 1 се одлучија да бидат екстремно претпазливи во првиот свиок, по стартот на трката. За разлика од претходни наврати годинава, Розберг одлично стартуваше и ја задржа својата позиција, како и Рикардо и двајцата возачи на Ферари. Сепак Рикардо набргу ја изгуби својата втора позиција, прво од Ветел, а потоа и од Кими кога влезе во бокс. Серхио Перез имаше одличен старт и од 7та позиција скокна на 4то место.

И останатите возачи подолу во гридот умешно ги поминаа првите неколку кругови без инциденти. До 10от круг, само 1 болид се откажа, тој на Даниил Квјат поради проблеми со суспензијата.

Првите групни застанувања во бокс дојдоа помеѓу 20-25 круг со неколку исклучоци за оние кои применија стратегија со 2 влегувања, како Кими Раиконен. Финецот се префрли на софт пневматици и веднаш стана јасно дека тие пневматици повеќе им одговараат на Ферари. Истиот мораше и агресивно да вози поради казна од 5 секунди за преминување преку белата линија на влезот од боксовите. Себастијан Ветел, кој во тој момент се веруваше дека ќе примени стратегија идентична на Розберг, со 1 влегување во бокс, исто така се префрли на софт. По излегувањето, Себ и Кими имаа своја мала трка, но сосема коректно ги заменија позициите и Ветел се пушти во потера по Розберг.

Во 33от круг, Карлос Саинз искуси исти проблеми како и својот тимски колега, Квјат, со суспензијата на својот болид и се откажа од трката. До 40от круг, без поголеми возбудувања на врвот, но во позадина Луис Хамилтон имаше полни раце работа. Во текот на трката се појавија проблеми со неговиот ЕРС систем и во неколку наврати преку тимското радио имаше сериозна расправија со својот тим, незнаејќи како да ги промени подесувањата и да го реши проблемот. Додека Розберг возеше напред без особен притисок, следен кој мораше прерано да ја заврши трката беше Паскал Верлејн во 41от круг поради проблем со своите сопирачки.

Во 45от круг, Розберг сеуште беше во водство со предност од 18+ секунди, следен од Ветел, Раиконен, Перез и Хамилтон. Интересно да се истакне е фактот што уште тројца други возачи преминаа преку белата линија на влезот од боксовите како Раиконен, но истите не добија казна од официјалните стујарди.

Од друга страна, Даниел Рикардо, кој имаше мошне успешни квалификации во текот на вчерашниот ден, во трката едноставно го немаше саканото темпо. На 3 кругови до крај, успеа да го претекне Хулкенберг за 7ма позиција. фернандо Алонсо беше следен возач кој се откажа, поради проблем со менувачот.

На крајот на една монотона и досадна трка, Розберг во легендарен стил стигна до победа во Баку, со Себастијан Ветел и Серхио Перез позади него. Перез го претекна Раиконен во предпоследниот круг.

Ова е пласманот по денешната трка:

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-08-evropa.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ