Еди Ирвајн смета дека Леклер е многу подобар од Верстапен

Поранешниот возач на Скудерија Ферари, ирецот Еди Ирвајн, смета дека Шарл Леклер е многу, многу подобар возач од Макс Верстапен и прави помалку грешки.

Младиот возач од Монако ја одработува својата втора Формула 1 сезона, а во моментов со Луис Хамилтон и Макс Верстапен се главни ѕвезди во тркачката серија. 22-годишникот стигна до својата прва победа во Белгија, следуваше побеа и на домашната трка за италијанците откако успеа да ги задржи двата болиди на Мерцедес зад себе.

Исто така, серијата од четири пол позиции по ред беше прва таква за возач на Ферари по Михаел Шумахер. Поради сето тоа, Ирвајн смета дека тој е подобар од Макс.

нема сомнеж дека леклер е многу, многу подобар возач. има четири пол позиции годинава, а реално не е нити во најдобриот болид на гридот, извинете ферари ама тоа е така.

верстапен продолжува да прави многу глупави грешки и покрај тоа што во формула 1 е многу повеќе години од леклер.

шарл изгледа многу фокусирано и ретко греши. можеше да има и повеќе од две победи доколку имаше подобар болид, а тоа ви кажува многу.

тркањето против хамилтон во монца беше лудо, можеби не целосно коректно, но прекрасно за гледање. многу е паметен и интелигентен, одличен е, за мене нема збор дека е многу посилен од верстапен – заврши со своит епофалби ирвајн.

Во моментов Леклер е на 3то место кај возачите со 221 освоен поен, односно 9 повеќе од Макс Верстапен и Себастијан Фетел кои се “егал“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ