Екипите бараат алтернатива на грид казните

Формула 1 екипите заедно со ФИА и Либерти Медиа разговараат за алтернативи како замена за казните во пресрет на стартот за предвремена замена на елементи од моторот. Потенцијални алтернативи за грид казните се временски казни, дополнителна тежина и рестрикции во однос на горивото.

Сирил Абитевул најмногу е за временските казни затоа што таквите “пенали“ ќе ги охрабрат возачите да учествуваат и да поставуваат времиња на квалификациите. Согласно денешниот систем, возачите кои се свесни дека ќе стартуваат од позадина, не учествуваат на квалификациите штедејќи гуми и намалувајќи ризик.

нашата позиција од поодамна не е променета. предлагаме временска казна која би се отслужима за време на промената на гуми или ќе биде додадена како време на крајот од трката.

тоа би охрабрило подобро тркање без промени кај стартните позиции, без калкулации на квалификациите. не разбирам зошто мојата идеја не е пошироко прифатена, но мора да имаат добра причина поради тоа – појасни абитебул.

Зек Браун, шефот на Мекалрен, размислува слично со својот колега од Рено.

мислам дека временската казна е многу чиста работа и лесна за разбирање. дополнително, тоа нема да го поремети гридот и ќе се отслужи при промената на гуми.

стратегијата ќе има поголем удел кога ќе промените гуми. мислам дека тоа е најлесен начин за да се разбере казната и да не се одземе од возбудата на трка.

Кристијан Хорнер од Ред Бул смета дека од возачите треба да се бара да учествуваат на квалификациите, но не ја поддржува идејата од додавање дополнителна тежина.

сме виделе во другите категории дека дополнителна тежина не работи како што треба, го уништува целиот викенд, не само квалификациите. во однос на она што го имаме во моментов единствено штета е што буквално ги ограбуваме фановите од возбудливи квалификации во Сабота.

ако ја погледнете монца, макс верстапен учествуваше само неколку кругови во првиот квалификациски сегмент и намерно не сакаше да мине во к2. ако најдеме побалансирана казна, тогаш секако дека ќе сакавме да се квалификуваме. мора да ги охрабриме возачите во сабота да се борат за позиција.

Гунтер Стаинер ги откри потенцијалните проблеми со дополнителната тежина и како таа ќе влијае врз гледачите.

дополнителната тежина е нешто што тешко се објаснува на гледачите кога одеднаш еден болид е побавен од останатите.

треба да најдеме систем на казни кој ќе биде доволно суров, но во истиот момент не работи лошо за никого. преффераирам мометалните казни одошто дополнителна тежина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ