Еклстон би “примил куршум“ за Путин

Берни Еклстон повторно ја изненади јавноста изјавувајќи дека би “примил куршум“ за рускиот Претседател, Владимир Путин, и дека тој треба да владее со цела Европа.

Путин е одлучна фигура во глобалната политика и покрај обвинувањата за руско мешање во американските претседателски избори и Брегзит референдумот. Сепак тие ги отфрлаат тие поврзувања.

Но секако рускиот премиер и Берни Екслтон уживаат во успешната соработка со ставањето на трката во Сочи на Формула 1 календарот.

Доколку некој дојде со автоматска пушка и пука во Путин, јас би застанал пред него. Тој е добар човек. Никогаш не направил нешто лошо за луѓето. Би сакал тој да владее со Европа. Немаме некој што би го заменил.

Тој го прави тоа што треба, но јас не сум подржувач на демократијата. Потребен е диктатор. Како диктарот треба да се кажува што треба да се прави. Во демократијата се е разводнето – гласи мислењето на господин е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ