Еклстон смета дека Монтреал ја уништила вербата на Фетел во Ф1

Поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, чувствува дека Себастијан Фетел загубил нешто поради настаните во канадски Монтреал кои имале големо влијание вез него.

Германецот доби контроврзна казна која му ја одзеде победата и на највисокото место на подиумот го постави второпласираниот Луис Хамилтон. Следуваа грешки во следните трки, по што последна победа на возачот на Ферари сеуште е ланското Белгиско Гранд При, а неговиот колега веќе има две победи годинава.

Неговата иднина не само во Ферари туку и во Формула 1 е доведена под знак прашалник откако повторно погреши и на последната домашна трка за неговата екипа во Монца.

се чини дека тој загуби нешто. казната во монтреал беше најлошото нешто што можеше да му се случи.

таа казна беше целосно погрешна и непотребна и на некој начин ја уништи вербата на себастијан во спортот.

тој не возеше опасно, сите би реагирале како што постапи тој. луис беше паметен и направи целата работа да изгледа опасно – изјави еклстон во своето итнервју за германски Auto Motor und Sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ