Ериксон сака тест со Алфа Ромео

Маркус Ериксон, ланскиот возач на Заубер, сезонава се трка во Индикар американската серија, но остана резервист во швајцарската екипа, а се надева уште сезонава да се врати во Формула 1 кокпитот.

Заубер целосно се ребрендираше и одбраа да ги донесат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци за свои возачи, така што швеѓанецот стана прекуброен во екипата.

се надевам дека може да одработам некој тест сезонава за да сум во тек со овие болиди и се што се случува во формула 1. настојувам на тоа кога разговарам со нив, да влезам и да тестирам.

сеуште ништо не е потврдено, но како што знам, кога мојата сезона во америка ќе заврши, ќе има уште неколку трки на формула 1 календарот на кои ќе бидам со екиапта.

добро е што индикар завршува во септември и потоа можам да се посветам на формула 1. мислам дека ќе имаме некаков план – појасни ериксон.

Маркус е свесен дека нема да биде лесно да добие тренинг сесија во Петок затоа што тоа ќе значи дека некој од редовните возачи ќе треба да му го отстапи своето место.

ништо не е одлучено, но јас притискам да возам.

резервен возач сум и има смисла да добијам време на патеката за да бидам подготвен ако нешто непредвидено се случи, но тешко е да се вози во петок покрај двајца тркачки возачи.

се надевам дека ќе добијам тест некаде и ќе се фоксуирам на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ