ЕСПН пријави рекордна гледаност од Шпанија

Преносот на Големата награда на Шпанија на ЕСПН 1 телевизискиот канал во Соединетите американски гледачи привлече рекордна гледаност за таа трка со што продоли позитивниот тренд и зголемување на гледаноста на тркачката серија.

Сите годинава одржани трки беа рекордни во однос на гледаноста н апретходните изданија во САД. Големата награда на Шпанија започна во 9 часот наутро во источниот дел од континтентот и имаше просечна гледаност од 645.000 гледачи што е 27% зголемување во однос на ланските 507.000 гледачи, а 16% зголемување во однос на 558.000 гледачи од пред две години. ОСвен соборување на рекордот за трка во Барселона, настанот беше и 6та најгледана Формула 1 трка во историјата во Америка.

Првите пет трки имаа просечна гледаност од 564.000 гледачи на ЕСПН, што е зголемување од 28% во однос на лани кога просечната гледаност беше 442.000 гледачи и 44% зголемување од 2017 година кога имаше просечна гледаност од 393.000 гледачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ