Жан Алеси нема сомнеж: Шумахер ќе стигне до Ф1

Поранешниот Формула 1 возач на Ферари, французинот Жан Алеси, смета дека младиот Мик Шумахер ќе стигне да вози во врвот на моторспортот.

20-годишниот Мик кстигна до својата прва Формула 2 победа викендов на Хунгароринг. Во истата серија вози и 19-годишниот син на Жан, Џулиано Алеси кој исто така е дел од Академијата на Ферари.

му требаше некое време да ја покаже страста која му е наследена од михаел и да ја изрази на негов сопствен начин – смета стефано доменикали, долгогодишен соработник на михаел шумахер од шампионските денови на германецот.

Истото го смета и Алеси кој е пријател со Михаел и со семејството Шумахерови.

дефинитивно ќе стигне до формула 1. не му беше лесно да се навикне на татко му и неговите постигнувања во формула 1, но тоа го направи многу позрел – смета алеси.

Како член на Академијата на Скудерија, младиот Шумахер веќе тестираше овогодишен болид на тимот.

гледајќи ја корина и некои поранешни колеги под подиумот ме потсети на минатото. момче толку полно со желба да успее како дел од нашата програма е вистинско задоволство да се гледа и благодарение на неговата посветеност и страст стана дел од нашата група. има силен карактер и е тимски играч – смета матиа биното за мик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ