Жан Тод бара ново правило за квалификациите

Жан Тод изјави дека Формула 1 мора да донесе ново правило за да не се повтори фарсата од квалификациите во Монца. Само двајца од вкупно 9те возачи кои беа на патеката успејаа на време да ја минат линијата и да добијат нов летечки круг откако загревачкиот го минаа натпреварувајќи се кој да не биде на чело од колоната.

Можам да кажам дека ова нема да се случи. Ќе ги промениме правилата.

Не можеме да ги запреме возачите од тоа да излегуваат од бокс кога ќе сакаат, но можеме да воведеме максимално време по круг. Јавноста доаѓа да види забава. Мора да го промениме ова правило – најави францускиот претседател на фиа.

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, директор работи со тимовите за ова да не се повтори во Сингапур

Ќе имаме долга дискусија во Сингапур, но некои тимови ќе направат симулации за ова како да се поправи. Ова е во најдобар интерес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ