Зандворт е сега единствена опција за Холандско Гранд При

Формула 1 не смета дека Асен е реален кандидат за одржување на Холандското Гранд При и Зандворт е сега единствената опција за оживување на трката, според спортскиот совет на Холандија, НЛспортрад.

Зандворт и Асен лобираа за можна Формула 1 трка во 2020 година. Асен, кој ќе биде домаќин на МотоГП и ДТМ годинава, е сметан за бекап опција доколку Зандворт не успее да најде финансии.

Сепак, НЛспортрад испрати отворено писмо до холандскиот парламент, Министерот за спорт и Потпретседателот за економски прашања, како и градовите и населбите на Зандворт и Асен, како и Формула 1 менаџментот.

ФОМ истакна дека единствената опција за Формула 1 трка доделена на Холандија е само доколку Зандворт е подготвен на време. – гласи во изјавата.

Тоа следи по изјава од Владата минатиот месец дека нема да има финансиска поддршка за Холандско ГП. Проблеми со обезбедување на средства беа единствената пречка за Зандворт, без никаква локална или национална финансиска поддршка посветена кон подобрување на патеката и објектите, како и членарината за одржување на трката.

Од Асен тврдат дека имаат целосна финансиска поддршка, со провинцијата Дренте, градот на Асен и странски инвеститор кој е подготвен да ги покрие трошоците за членарина кон Формула 1.

Но според писмото на НЛспортрад, Зандворт тврди дека самоувереноста на можните спонзори опаднала откако владата истакнала дека само ќе помогне во спроведување на настанот. Тоа исто вели дека можните спонзори се претпазливи околу можното ривалство помеѓу Зандворт и Асен за правата за одржување на Ф1 трка.

Овластените лица од НЛспортрад бараат владата да се посвети кон поддршка на Зандворт со цел да се обезбеди потребната финансиска поддршка со цел да продолжат Ф1 преговорите.

Холандското Гранд При не е одржано од 1985 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ