Зандворт има план за три менувања гуми

Спортскиот директор на Холандското Гранд При, Јан Лемерс, откри дека има план за Зандвор според кој на трката три пати ќе се менува гуми, зо што возбудата ќе биде поголема.

Делот пред боксовите во Зандворт е доста покус од другите патеки на календарот, така што ќе се губи помалку време при менување, нешто што може да ги охрабри екипите во нивните стратегии.

промена ќе биде и тоа што ќе го олесниме претекнувањето на влезот во боксовите кој ќе го направиме побрз. ќе имаме менување гуми од не повеќе од 14 секунди и ако го успееме во тоа ќе имаме трки со три застанувања во бокс.

како што знаеме менувањето е компромис помеѓу стари и нови гуми и разликата со нив, а новите носат повеќе претекнување. тоа е филозофијата на која ќе се темели нашата стратегија – изјави лемерс.

Патеката е веќе познато дека е голем предизвик затоа што во текот на кругот речиси и да не постои место за грешка, местата за излетување се мали така што предизвик е да се вози строго по асфалт и да не се греши.

автодромот нема да простува, но сме го виделе тоа и во баку и го знаеме од монако дека секоја грешка ја завршува трката. ќе биде клучно да не се греши, ќе се додаде непредвидливост која недостасува во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ