За Гросжан, временската зона е најголем предизвик

Возачот на Хаас, Роман Гросжан, смета дека викендов во Сингапур како и секогаш ќе изгледа фантастично на телевизија, но недостатокот на дневна светлина и сонце ќе ги измори сите на крајот од настанот.

Во 2008 година кога влезе во календарот, Марина Беј беше единствена ноќна Формула 1 трка, но истата се вози по европско време, иако патеката се наоѓа во Азија. Французинот Гросжан ќе го вози своето 9то Гранд При под рефлекторите во Сингапур, смета дека можеби тоа што нема константно Сонце им олеснува по малку на возачите, но рефлекторите и темницата на крајот на викендот ги уморуваат сите.

главен предизвик е тоа што живееме ноќно време и не гледаме дневна светлина. тоа не уморува сите на крајот.

сепак мислам дека е добра забава и одлично изгледа на телевизија. да се види таа “змија“ од рефлектори низ градот е кул. во однос на глдедачите мислам дека е извонредно затоа што може да уживаат денски во сингапур, а навечер да гледаат формула 1.

рефлекторите се фантастично поставени, а за нас е речиси исто како да има дневна светлина на патеката – појасни гросжан.

Тој ја споредува сингапурската патека со Монако каде квалификациите се клучни, а предизвикот голем и правото на грешка никакво.

овдека е како во монако. има неколку квалификациски кругови каде мора да притиснете и да возите на лимитот, а останатиот дел мора со голема почит да се движите низ патеката.

предизвикот е навистина голем, нема некоја кривина која е потешка од друга и дефинитивно е најтешка патека во однос на климата, топлината и влажноста. трката вообичаено е околу два часа, тоа е тешко. јас не се подготвувам ништо посебно, програмата ми е вообичаена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ