За Кубица, враќањето во Ф1 е најголемо постигнување во животот

Роберт Кубица изјави дека враќањето во Формула 1 по тешката повреда која ја имаше во судар на рели трка е најголемо постигнување во неговиот живот откако објави дека по крајот на сезонава нема повеќе да биде дел од врвот на моторспортот.

По несреќата тој живееше како левак и возеше најмногу со таа рака на трките во ГТ сериите, Формула 1 тестовите минатите години како и кам-бекот сезонава.

искрено ако не ги гледате резултатите што е тешко затоа што во моторспортот само тоае важно, веројатно последните 7-8 години се најголема моја гордост. дефинитивно враќањето во овој спорт е нешто на што сум многу горд, најголемо постигнување во мојот живот.

да се вратам по сето тоа што го поминав и што ми се случи и сепак да успеам да се тркам е неверојатно. враќањето на формула 1 гридот дојде во најдобар период, не можев да замислам вакви моменти, но ги заслужив – објасни кубица.

Полјакот го освои единствениот поен за екипата оваа сезона откако го наследи 10то место по дизквалификацијата на двата болиди на Алфа Ромео во Германија. Сепак, тој има послаб пласман од Џорџ Расел на 12 од до сега одржаните 14 трки.

беше долго патешествие и се потсетувам на тие моменти последните две години. беше многу тешко за мене, но мислам дека донесов правилна одлука.

сите во вилијамс како и јас сме во ист брод и секако дека сакаме подобри перформанси и резултати одошто оваа година, тоа ќе ни олесни многу затоа што поените се најважни. но, јас морам да продолжам понатаму, таков е животот и тоа е мојата одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ