За македонските фанови, 2019 е ништо повеќе од уште една доминација

Летната пауза во Формула 1 е во полн тек, а вашиот прв избор за моторспорт вести, КРУГ.МК направи анкета преку социјалните мрежи за вашето мислење откако помина половина од сезоната.

Јасно е дека од самиот почеток, 2019 година не тргна во насока која сите ја очекувавме, а тоа е екстремно тесна борба на секоја трка помеѓу најдобрите. Напротив, го добивме спротивното, тотална доминација од Сребрените Стрели во првите 12 трки од сезоната.

На анкетата која ја објавивме преку нашата Facebook страна, прашањето беше мошне едноставно и директно: Дали сезоната станува се повозбудлива, особено по трки како Унгарија, Германија, Велика Британија, или е уште една доминација од Мерцедес и ништо ново во спортот.

Анкетата се прошири до 953 индивидуи, од кои 114 го дадоа својот глас. Од 114 гласови, 75 од вас сметаат дека Формула 1 во 2019 година не е ништо повеќе од повторна доминација на Мерцедес АМГ Петронас и Луис Хамилтон, додека 39 гласачи сметаат дека сезоната станува се повозбудлива.

До крајот има уште 9 трки, почнувајќи од Големата Награда на Белгија. Единствено може да се надеваме дека тие 75 гласачи не биле во право при својот глас и дека не очекува навистина возбудлива втора половина од првенството.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ