За Хамилтон, ритамот на Ферари е мистерија

Луис Хамилтон призна дека не знае каква ќе биде формата на Ферари на Сингапурското Гранд При, но очекува голем предизвик и напад од Ред Бул,

Италијанците доаѓаат на Марина Беј по две едноподруго победи на Спа и во Монца, но Сингапур е целосно различна патека, техничка и со многу кривини, бара многу потисла сила што не одговара на СФ90 пакетот од Маранело. Но, актуелниот првак не е сигурен дали тие ќе се достојна закана или не за неговата рекордна 5та победа во Сингапур.

ова е една од најтешките трки во годината, физички и ментално. секоја година кога доаѓаме тука предноста се менува помеѓу нас, ред бул и ферари. мислам дека на ред бул низ годините “им лежи“ патекава така што предвидуваме дека ќе се сииллни и сезонава.

за ферари навистина не знам дали и колку е бидат брзи, затоа што беа одлични последните две трки. најдобро е ние да се фокусираме на себе и да извадиме максимум од пакетот.

не сме биле добри во сингапур последните неколку години, но тоа било поради некои други околности.

Жашката трка на Ред Бул Ринг во Австрија беше голем проблем за Мерцедес кои мораа да ги штедат моторите од прегревање и завршија на 3то и 5то место. Слични услови во однос на температурата може да владее и во Сингапур, така што Луис признава дека “сребрентие“ имаат многу внимателен пристап.

дефинитивно размислуваме за тоа. сепак, ова не е најтопла трка годинава и сакам да остане температурата како што е во моментов, но ако врне или станува потопло, може многу работи да се променат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ