Збогум Рејсинг Поинт, добредојде СпортПеса Рејсинг

Поранешната Форс Индија, а потоа и Рејсинг Поинт, го претстави новиот изглед на својот болид за 2019 година, а тимот ќе се преименува во Спортпеса Рејсинг.

Спортпеса останува предимно обоен во розево поради поддршката од спонзорот БВТ кој е со тимот од 2017 година, уште од времето кога сопственик беше Виџеј Малиа, а тимот го носеше името Форс Индија.

Тимот има и нов спонзор во африканската компанија за спортско обложување, Спортпеса, така што синото лого на таа компанија е видливо на предното крило, задното крило и поклопецот на моторот, но и во официјалното име на екипата.

Медиумите во Велика Британија шпекулираа дека Лоренс Строл бил во преговори тимот да го преименува во Брабам или Лола, но не се договорил со сопствениците кои ги имале правата на тие имиња.

сите заклучивме дека сме екипа на тркачи и нема ништо лошо со името рејсинг поинт кое не претставува. сметаме дека тоа име е соодветно, но сакавме да го направиме прекрасно, сакавме име со историја и наследство.

рејсинг поинт е нашето име, а во преговорите со нашиот главен спонзор спортпеса, го создадовме новото име, тие се дел од него.

спортпеса е млада, динамична и растечка компанија чии вредности се во согласност со нашата визија да станеме екипа способна да се трка со сите на гридот. возбудени сме што имаме таков амбициозен партнер со нас кој ќе ни помогне да ја испорачаме мисијата и да раотиме кон напред и заедно со фановите – објасни отмар шафнауер, шефот на тимот при промоцијата.

Спортпеса веќе е парнер со три екипи од англиската фудбалска премиер лига и тоа Арселан, Саоутемптон и Евертон.

пресреќни сме и воодушевени сме што стануваме дел од формула 1 семејство. ова партнерство ни е важно затоа што ни наоѓа нови територии и ни дозволува да стигнеме до публика насекаде низ светот.

еднакво важно е што имаме платформа што ни овозможува да останеме блиску до нашата мисија, да изградиме темели и професионален спорт во земјтие каде работиме со цел да донесеме нови можности за локалните жители – сметаат од спортпеса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ