Зек Браун бара и фановите да се консултираат за новите правила

Шефот на Мекларен, Зек Браун, смета дека Формула 1 треба да се консултира повеќе со фановите околу насоката на спортот по 2020 година.

Формула 1, ФИА, тимовите, Пирели и се повеќе и возачите се инволвирани во дефинирање на правилата за следниот циклус на спортската и техничката регулатива од 2021 година.

Одлуката за правилата беше одложена од Јуни до Октомври, но Браун смета дека и Формула 1 фановите треба да бидат консултирани.

Сакам фановите да бидат инволвирани. Една од работите кои Формула 1 ги направи е поголемо истражување на своите муштерии и мислам дека треба да посветиме повеќе внимание кон такво истражување. На овие состаноци имате 10, 20 луѓе кои имаат долга историја во спортот, сите имаме наши гледишта, но ние не сме целниот потрошувач за иднината на спортот.

Секоја компанија која има производ ќе излезе на пазарот и ќе дознае што сакаат нивните потрошувачи и ќе го дизајнира својот нов производ околу потребите на потрошувачот. Нема да седнете 10 луѓе кои ќе го пробуваат сопствениот производ и ќе тврдат колку им се допаѓа, а истражувањето на потрошувачите кажува нешто друго.

Мора да ги слушаме фановите и да реагираме кон нив повеќе, ако сакаат нов формат на квалификации, нели сакаме нови фанови да привлечеме? Можеби треба да пробаме нешто ново. Мора да посветиме внимание. Одлично е што и возачите се инволвирани, но би сакал да ги консултираме и фановите.

Браун се сомнева дека Формула 1 тимовите ќе стигнат до договор кој ќе ги задоволи и ќе им одговара на сите и смета дека владеечкото тело едноставно мора да “пресече“.

Изгледа дека ги разгледуваме истите проблеми кои ги имаат повеќе тимови и мислам дека во овој момент, Формула 1 и ФИА едноставно мора да донесат одлука и да продолжиме понатаму.

Нема да слушнат ништо ново од тимовите на следниот состанок, што не го слушнале во последниве 12 месеци.

Идејата, а и вие новинарите го знаете ова, дека 10те тимови по некоја случајност ќе бидат сложни за првпат во историјата на Формула 1 во следните 3 месеци, едноставно нема да стане реалност.

Едноставно мора да се “пресече“ и да продолжиме понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ