Зек Браун: Правилата за 2021 може да ни помогнат

Мекларен може да ги искористи правилата за 2021 година во своја корист, смета Главниот извршен директор на Мекларен, американецот Зак Браун.

Мекларен имаа тешки неколку сезони со доста промени во целосната нивна структура. Последната промена е доаѓањето на Андреас Сеидл како шеф на тимот и техничкиот шеф Џејмс Кеј кој започна со работа на трката во Бахреин по заминувањето од Торо Росо.

Формула 1 ќе претрпи големи промени на техничките и спортските правила во 2021 година, но иако сеуште не се донесени, Браун верува дека промените во Мекларен може да им донесат корист.

Ние краток период се бориме со тимовите со големи буџети. Знаеме што се проблемите на Формула 1 денес и што треба да се промени од 2021 година.

Формула 1 влегува во нова фаза и мислам дека тоа ќе му помогне на Мекларен во процесот на обнова, почнувајќи со Андреас и Џејмс Кеј и Жил како и сите индивидуи за да работиме како подобар тим.

Ние треба да направиме добар болид и мислам дека оваа година сме добри. Започнавме со двајца нови возачи, што се случува за прв пат и мислам дека работат одлично. Сега треба време да се средиме. Мислам дека ќе бидеме негде на средина но во блиска иднина би победувале на трки.

Браун ги објасни и новите измени во менаџментот.

Јас сум извршен директор на Мекларен Рејсинг и се поврзано со тркањето, Но најважен е тимскиот напор. Сите имаме одговорност.

Андреас има целосна одговорност за ФОрмула 1 екипата. Под Андреас е Џејмс Кеј. Ја имаме и програмата за Инди 500 кои се посебен тим и за него Жил е одговорен, но на крајот сите ми одговараат на мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ