Зошто Батон ги одбил Мерцедес во 2010 година ?

Џенсон Батон објасни зошто Мерцедес не го финансирале враќањето во Формула 1 и зошто тој ги одбил за да премине во Мекларен.

Враќањето на Мерцедес во врвот на моторспортот се случи откако тие го купија Браун ГП тимот кој го снабдуваа со мотори во единствената сезона кога дојдоа до титулата, а Џенсон Батон стана светски возачки шампион.

Подоцна Батон замина во Мекларен каде стана колега на Луис Хамилтон се до неговото преминување во Мерцедес во 2013 година.

Тие сакаа да останат и јас знаев дека Мерцедес ќе го купат тимот. Седев во Дубаи со Рос, Ник Фрај и Ричард, мојот менаџер. и зборувавме за купувањео на тимот, но тие нема да го финансираат тимот бидејќи финансирањето и развојот ќе оди преку спонзорите.

Знаевме дека ќе имаат спонзори кои ќе плаќаат се, а Мерцедес ќе го поседува тимот. Тоа не ветуваше многу и не загрижуваше бидејќи знаевме дека во 2009 година немавме развој и не работевме на болидот за 2010 година.

За мене тоа не беше добра позиција по освојувањето на титулата да останам во тимот кој нема вистинско финансирање. Кога ќе ги видите Мекларен во тоа време на крајот на 2009 година, Знаев дека ќе ми дадат шанса да победувам и не размислував воопшто – се присетува батон.

Префрлањето во В6 хибридната ера за Батон значеше останување во Мекларен и многу проблеми со Хонда моторот, но тој не жали за тоа.

Никој не можеше да предвиди што ќе се случува со Мерцедес за пет години и дека тие ќе станат толку големи по тешката 2010 година.

Мислам дека тие се посрамотија и решија да инвестираат многу и да станат ѕвер како што се сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ