Иднината на Чејс Кери е неизвесна

Гласините за иднината на Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, се загреваат на трката на Пол Рикар.

Американецот кој порано беше Извршен директор на News Corp, Sky и Fox е во секојдневни преговори со тимовите и разговори со ФИА, а во врска со новите правила кои би требало да стапат на сила од 2021 година. 65-годишниот директор има договор со Либерти Медиа да го раководи спортот до крајот на следната година, четири години откако го превзема челното место од Берни еклстон.

Медиумтие шпекулираа дека за раководење со спортот “се токмел“ Тото Волф, шефот на Мерцедес, но австриецот го демантираше тоа. Минатата недела, доктор Хелмут Марко посочи дека предводникот на МотоГП, Кармело Езпелета е одличен кандидат да ја среди Формула 1.

јасно е дека гласините допираат до сите, но тоа не е нешто за што ние тимовите јавно сме дискутирале – откри клер вилијамс.

улогата на чејс кери е многу важна без разлика кој ќе ја извршува истата. раководењето на спортот е многу, многу важно. мораме да знаеме како ќе изгледа иднината на тркачката серија затоа што секогаш кога има тенззија ќе се вртиме на кај новите правила – изјави зек браун од мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ