Инженерот на Ботас оди во Формула Е

Тони Рос, Формула 1 инженерот на Валтери Ботас ќе го промени своето работно место и во иднина ќе работи за формула Е програмата на Мерцедес.

Рос е со “сребрените“ од 2011 година, а дојде од Вилијамс каде му беше инженер на Нико Розберг, со кого заедно ја освоија титулата кај возачите пред две години.

По трката во Абу Даби, Тото Волф откри дека Рос ќе биде главен инженер за трка во Формула Е програмата на “сребрените“.

тони рос ќе биде главен тркачки инженер на нашата формула е програма. доста му е од нас и сака забавна тркачка околина со само еден ден трка во одлични градови – се пошегува волф.

Замена за Тони во Мерцеде се уште не пронашле.

разговараме за тоа, морам да кажам така иако е лага, но дајте ми неколку недели.

Мерцедес влегува во Формула Е електричната тркачка серија како фабрички тим откако се откажа од ДТМ серијата на крајот од оваа сезона за да се фокусира на едноседите во Формула 1 и Формула Е. Тимот ќе има целосна поддршка од Мерцедес, а моторите ќе се развиваат во фабриката во Бриксоврт.

Рос ќе работи со двајцата возачи, Стофел Вандорн, кој сезоанва возеше за Мекларен, а следната година ќе биде често во симулаторот на Мерцедес, но и со Гери Пафет, долгогодишниот ДТМ возач на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ