Исола сака екипите да бидат едногласни за следните гуми

Марио Исола застана во одбрана на својата компанија Пирели по обвинувањата дека италијанците ги фаворизираат Мерцедес.

Шефот на Пирели моторспорт откри дека сакаат сите екипи од гридот да бидат среќни со пневматиците следната година откако сезонава се чини дека Мерцедес се единствени кои знаат да работат со нив.

сите екипи добиваат исти производи и услуги.

ги тестиравме овие гуми во абу даби лани и сит ебеа задоволни, а и по зимскит етестови никој не се жалеше за ништо.

но, по неколку трки, некои екипи почнаа да тврдат дека гуми им прават проблем – објасни исола за холандски Formule 1.

Пред почетокот на Австриското Гранд При беше направен обид да с евратат старите гуми за вториот дел од сезоната, но тој предлог не наиде на доволен број гласови потребни да се оствари.

не би било фер да се менуваат гумите во овој момент со цел да се фаворизираат оние кои во моментов се послаби.

ако ни се постават нови цели за следната година или за 2021 година, со задоволство ќе ги прифатиме и ќе работиме кон ни, но истите треба да се донесат заеднички.

кога јас индивидуално разговарам со екипите, тогаш слушам десет различни мислења, но не можеме да правиме посебна гума за секоја екипа. мора да се тркаат со ист производ.

не можеме да одиме во многу различни насоки со развојот, мораме да се согласиме што сакаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ