Исола: Сингапур е најголем контраст на Монца

Марио Исола признава дека Сингапурското Гранд При претстојниот викенд е најголем контраст на трката во Монца која се одржа последна поради карактеристиките на двете патеки.

Според шефот на Пирели, Марина Беј е уникатен предизвик во Формула 1 календарот, така што од екипите се бара максимум. Пирели ги носи најмеките компоненти за трката низ градот-држава, а како и секогаш најголем број од возачите се одлучуваат за најмеките гуми.

тешко е да се помисли на некој поголем контраст од монца одошто тоа е сингапур и поради тоа тимовите треба да се ресетираат во пресрет на последните далечни трки од календарот. уникатниот предизвик на сингапур е добро познат и знаат што да очекуваат од петок до недела.

во минатото видовме дека има различни стратегии и дека претекнувањето на марина беј е доста тешко така што екипите внимателно треба да пристапат на подготовките за трка. особено треба да се размислува на можноста од безбедносни возила која целосно може да ја промени трката – најави исола.

Тој вели дека е интересно да се види дали некој ќе се обиде на медиум да мине од К2 во К3 и да има предноста во однос на софт на почетокот на трката.

ќе биде интересно да се види дали некој ќе успее да се квалификува на медиум, ан е на софт, за да добие можност за флексибилност во својата стратегија. има различен избор на гуми помеѓу возачите така што може да видиме алтернативни стратегии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ