Исола смета дека Хаас имаат проблем со шасијата

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, застана во одбрана на својата компанија, а по поплаките за овогодинешните гуми на италијанците.

Американците имаат силен и брз болид годинава, но се мачат со менаџирање на гумите, а тој проблем кај нив изгледа е многу поголем одошто кај конкурентите. Гунтер Стаинер изјави дека проблеми од таков вид не треба да се дел од Формула 1.

Сепак, Исола смета дека производот на Пирели е одличен, а проблем е шасијата на тимот.

тешко е да се суди затоа што проблемот е поврзан со нивната шасија.

изгледа дека на квалификации се многу брзи, но на трка температурата во гумите им се намалува значително и не може да ја задржат истата брзина и да го возат истото темпо.

мора да најдат начин да ставаат повеќе притисок на гумите за да ја зголемуваат температурата затоа што гумите се дизајнирани да имаат најголема ефикасност при високи температури – објасни исол за руски Championat.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ