Исола: Стратегијата ја направи трката интересна

Првиот човек на Пирели моторспорт, Марио Исола, е задоволен од многуте различни стратегии на тимовит ево текот на Јапонското Гранд При.

Италијанците во пресрет на трката предвидуваа стратегија со едно застанување за промена на гуми како најбрз избор, но топлото време на Сузука ја зголеми деградацијата на пневматиците и донесе нивно зголемено трошење. Само осум возачи завршија трка со едно застанување кај своит емеханичари, а првите 4ца промениај гуми по два пати. Третопласираниот Хамилтон последен влезе и ги промени своите медиум на софт, но не успеа со нив да го стигне Себастијан Фетел.

Марио е задоволен што имало возбудлива тактичка борба помеѓу екипите за време на трката по што Големата награда на Јапонија била повозбудлива одошто минатите години.

по промената на временскиот распоред поради тајфунот кој целосно ја отстрани наталожената гума на патеката, потоплото време значеше дека екипите се соочуваа со многу нејаснотии во пресрет на квалификациите и на трката и имаа многу покусо време за подготовка.

се работеше главно за развивање стратегија во текот на трката со многу различни тактики од едно па се до три застанувања во бокс. сите три компоненти беа користени во текот на трката со четири различни стратегии “во игра“ кај првите 6 возачи, возбудлива битка за второто место и срушен рекорден круг на квалификациите и на трката. честитки до мерцедес за заслужената конструкторска титула – изјави исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ