Италија губи надеж во Фетел

Италијанските медиуми по се изгледа креваат раце од првиот возач на Ферари, германецот Себастијан Фетел.

Шарл Леклер се бореше за победа во Австрија, а беше минат на два круга пред крајот иако покажа зрел и одличен викенд. На Силверстон младиот возач се тркаше фантастично протиф Ред Бул, додека Фетел беше побавен на квалификациите, а во трка се “здрви“ во задниот дел на Верстапен, уништувајќи му подиум на холанѓанецот.

  • La Gazzetta dello Sport: Ферари има нов лидер. Леклер е борбен и енерфичен и целосно ги освои срцата на навивачите на Ферари. Фетел беше повторно катастрофа, покажа дека не е возачот кој Ферари го сака. Повеќе од јасно е дека нешто не е како што треба.
  • Corriere della Sera: Фетел повторно ја загуби главата додека младиот Леклер добива се повеќе.
  • La Repubblica: Долго време Фетел не личи на четирикратен шампион додека малиот прин Леклер беше Возач на денот.
  • La Stampa: Маранело, имаме проблем. Како некој постар брат, Биното го брани Фетел, но кризата на возачот нема крај.

Дејвид Култхард се присетува дека кризата на Фетел го потсетува на последните денови од Формула 1 кариерата на михаел Шумахер.

на крајот на кариерата михаел шумахер исто така удираше други болиди и на крајот сфати дека повеќе не може.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ