Италија – Нико ја “запали“ здодевната трка на Хамилтон

Седма победа сезонава за Луис Хамилтон , 40та негова победа во кариерата, а 39та за Мерцедес во здодевна трка зачинета со “пламенот“ од болидот на Нико Розберг на2 круга пред крајот на трката. Втора позиција за Ферари и Себастијан Ветел, а подиумот го заокружи искусниот “лисец“ Фелипе Маса.

monza_trka_start

Старт – кошмар за Скудерија, откако Кими остана закован на место по гасењето на црвените светла, а првата кривина ја мина како последно пласиран. Но, во првите пет кругови нагази здраво и се најде на 5та позиција.

monza_trka_grozjan

Роман Гросжан беше баксузот кој по подиумот во Белгија, на оваа трка не успеа да комплетира ниту еден круг и го паркираше својот Лотус на крајот на Параболика. По тимското радио пријави дека во мешаницата на стартот некој го уадрил.

monza_trka_vilijams

Најинтересно во првите 10тина кругови беше тимското радио на Мерцедес каде Нико Розберг се пожали дека има голем проблем со предните сопирачки, односно температурата која ја развија истите.

Кругот број 11 беше кобен за Карсос Сајнз кој доби казна од 5 секунди поради кратење на траекторијата на една шикана. Казната ја “одлежа“ истиот круг, пред да му бидат променети пневматиците.

monza_trka_vilijams_mercedes

Следуваа здодевни 40тина кругови, во кои имаше претекнувања, но во борба за последните позиции кои водат во поени.

Менувањето на пневматиците беше делот кој беше очекуван, но не се случи ништо драматично. Розберг влезе во 19от круг, а Хамилтон измени 8 кругови подоцна и измени за половина секунда побрзо. Ветел и Раиконен изменија во 3 кругови за по 2,4 секунди, а Маса “заглави“ дури 3,7.

monza_trka_raikonen

Влегувањето на Кими беше најатркативно бидејќи болид на Манор Марусија беше многу залетан и само тоа што истиот сврте на страна и притисна силно на сопирачките, го спречи да се забие атрактивно во Ферарито.

monza_trka_verstapen

Круг на немоќ беше 20от кога Џенсон Батон мака мачеше да го мине Макс Верстапен на стартно целната рамнина и покрај тоа што користеше ДРС. Мекларен Хонда не го мина Торо Росо и покрај тоа што “демек“ има 25 коњски сили повеќе.

monza_trka_vetel_rozberg

Се возеше 47от круг кога на екранот се појавија загрижените Тото Волф и Ники Лауда, а веднаш потоа се огласи и тимското радио на Луис кое велеше дека на Хамилтон му требаат пар многу брзи кругови и тој не треба да прашува зошто, туку само да го изврши тоа што му е кажано. Сеуште е нејасно зошто доби ваква порака, но по победата им префрли на луѓето во боксот дека непотребно било да му се даваат такви наредби.

Кругот број 51 беше оној кој ја “освежи“ трката. На свиокот Аскари, Нико Розберг продолжи право, но неговиот мотор не го издржа и 7то Гранд При и во пламен се паркираше покрај тифозите, на нивна огромна радост и славје.

monca_hamilton

Во врска со трката на Хамилтон, на прес конференцијата официјалниот спикер откако му честиташе му соопшти дека техничкиот делегат доставил соопштение до стјуардите на трката дека на стартот на трката неговата задна лева гума не била 0,3 единици под пропишаниот минимум. По пресот тој треба да се јави кај стјуардите.

rezultat_monza_trka

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ