И Макс импресиониран од годинешните дебитанти

Многумина гледаат идни шампиони во Макс Верстапен и Шарл Леклер, но младиот холанѓанец е импресиониран од овогодинешните дебитанти Ландо Норис, Џорџ Расел и Александер албон.

Макс и Шарл се борат во различни јуниорски серии уште од најмлади години, а годинава продолжија да го прават истото и во врвот на моторспортот имајќи фантастични дуели на Ред Бул Ринг и на Силверстон.

Верстапен е среќен што има можност да се бори со одличен возач каков што е Леклер, но смета дека ќе дојде момент кога ќе го прави истото и со младите дебитанти кои годинава станаа дел од Формула 1.

се тркаме со шарл навистина силно, тоа го правиме уште од деновите гво каргтинг. во моментов двајцата сме во формула 1 и го живееме сонот. неверојатно е што двајцата сме дел од овој спорт и јас навистина имам голема почит за шарл, тој е одличен возач, но јас не очекувам дека тој ќе ми биде единствена конкуренција.

во формула 1 има многу млад талент како ландо норис, потенцијално и џорџ расел и можеби александер албон. многу млади возачи доаѓаат и ако имаат вистински болид може да завршат фантастична работа – смета верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ