И покрај огромното доцнење, новиот управувач му годи на Кубица

Во Вилијамс веруваат дека и покрај тоа што посебно прилагодениот управувач за Роберт Кубица многу донцеше, тоа ќе биде многу важно за полјакот и покрај тоа што нема уште многу трки до крајот на сезоната.

Од почетокот на сезоанта Роберт побара од тимот поголем дел од контролните да бидат преместени на левата страна на управувачот поради тоа што неговата десна рака по многуте операции нема толкава флексибилност за да може да работи со сите прекинувачи.

Но, тимот е пред се сконцентриран на аеординамиката и развојот на очајниот болид, така што барањето за нов управувач од страна на Кубица беше во втор план, но на Италијанското Гранд При во Монца тој конечно го добил тоа што го побарал и што смета дека ќе му помогне да излвече повеќе од болидот.

ми помага, требаше да го имам од почетокот на годината, но дојде доста подоцна. разликата е што две копчиња наместо на десната страна, се наоѓаат на левата и дополнителни прекинувачи се исто така преместени на левата страна – објасни кубица.

Главниот инженер на тимот, Дејв Робсон, откри дека екипата секогаш планирала посебен управувач за возачот, но морало да се балансира со приоритетте и поради тоа управувачот доцнел.

се работи за една од оние работи кои кога болидот е побавен тешко е да се оправдате ако работите на пример на оделата на возачите. се соочивме со таков предизвик, дали да имаме нов управувач или ново предно крило. секако дека ќе му помогне на роберт, но моравме да правиме компромиси.

Инженероѕ посочи дека придобивките по круг не биле големи, но дефинитивно му помагале на возачот во некои сегменти во кои се мачел.

полесно му е да пристапи до некои функции, нешто што џорџ го прави постојано во текот на кругот, работи со прекинувачите што му помага, а овој нов управувач ќе му помогне и на роберт.

времето по круг ќе биде шлаг на тортата, но придобивките ќе бидат мали, но се работи за негова фрустрација и огранчување, а не за губење време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ