И покрај победите, Леклер се фокусира на негативностите

Шарл Леклер од Ферари вели дека се обидува да се фокусира само на негативните елементи од неговите две победи во Белгија и Италија.

Низ неговата кариера досега, способноста на Леклер да се подобри по грешки и слаби перформанси е истакната како клучна за неговиот брз напредок. Тој вели дека се обидува да го задржи тој став и покрај успехот од две последователни победи.

Секогаш се фокусирам на негативностите. Дури и по победа, иако изгледал викендот совршено, секогаш постои нешто што може да се подобри, особено за мене на 21-годишна возраст, мора многу да се подобрам.

Секогаш се фокусирам на тоа, да се обидам да разберам што не функционира и да работам на тоа за следната трка.

Мислам дека начинот на кој се подобрувам во квалификациите и трката со балансот во сетапот, тоа е главен елемент кој би го издвоил од двете победи. Постојат уште неколку работи кои може да ги подобрам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ