И Хамилтон сака директен дуел со Маркез

Луис Хамилтон потврди дека е заинтересиран за дуел против шампионот во МотоГП, Марк Маркез, во иднина, поради интересот на возачот на Мерцедес во моторцикли.

Хамилтон е голем фан на моторцикли. Покрај тоа што имаше тест во Супербајк минатата година со Јамаха, петкратниот шампион исто така е сопственик на МВ Агуста мотор кој често го вози низ падокот.

Пред трката минатиот викенд во Силверстон, петкратниот МотоГП шампион, Марк Маркез, изјави во интервју дека е заинтересиран за дуел на шампионите со Хамилтон, откако и тој имаше можност да проба Ф1 болид минатата година со Ред Бул.

Хамилтон преку социјалните мрежи истакна дека е подготвен и одвај чека на шансата.

Сепак, соработката на Хамилтон со Монстер може да се покаже како проблематична за дуел со Маркез, земајќи предвид дека вториот е спонзориран од Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ