Каков неуспех, Алонсо и Мекларен не се квалификуваа за Инди500

Мекларен и Фернандо Алонсо не успеаа да се квалификуваат на 103тата трка Индианаполис 500 откако не извозеа доволно брзо на трката на последните 3 на гридот.

Алонсо остана да се бори за место во последниот ред на гридот на познатата трка со еден обид за квалификување откако отпадна од топ 30 во саботната сесија.

На тренингот во неделата Алонсо излезе на патеката но тимот имаше проблеми со средување на болидот. Дождот ја прекина сесијата и тимот немаше време да се припреми за квалификациите.

Подоцна сесијата повторно беше одложена и кога започна шпанецот успеа да се забрза само за 0,1 миља при обидот од 4 кругови и тоа не беше доволно за двократниот шампион да учествува на легендарната трка.

Партнерот на Мекларен Инди 500 тимот, Карлин смета дека квалификациите биле од лошо полошо за нивните болиди. Тие спремија 4 болиди за трката и само еден од нив успеа да се квалификува.

Алонсо својата наредна трка ќе ја вози на 24 часа Ле ман на 15 Јуни и со тоа ќе ја има шансата за ВЕЦ титулата на последната трка со Тојота.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ