Како Кими ќе задоцнеше на своето Ф1 деби

Кими Раиконен го имаше своето Формула 1 деби во 2001 година со Заубер, на истата трка го освои и својот прв поен во врвот на моторспортот, но тоа што се случувало пред трката било тешко веројатно.

Од првото појавување на гридот, финецот извозе 292 трки и освои една титула, но ФИА беше сомничава во моментот кога Питер Заубер се одлучи да му даде шанса поради неговото ограничено тркачко искуство, така што доби само времена лиценца на стартот на својата Формула 1 тркачка кариера. Само 15 месеци пред своето деби во најдобрата тркачка серија, 21-годишниот финец се тркаше во картинг.

Но, 30 минути пред стартот на Големата награда на Австралија во Мелбурн, никој не можеше да го најде Кими никаде, нешто на што се присетува Јозеф Леберер, физиотарапевтот на тимот.

тој спиеше. влегов и му реков дека за брзо ќе ја има својата прва трка, а тој ми одговори да го оставам да постпие барем уште 5 минути. не ми се веруваше што гледав, нешто што никогаш претходно, а и никогаш потоа го немав доживеано.

тој беше неверојатно смирен, не глумеше, сетоа тоа му доаѓаше природно. го оставив да поспие уште 5 минути затоа што знаев дека одморот е многу важен.

Но, откако станал од спиење, финецот се подготвил многу брзо, се квалификуваше на 13то место претходниот ден и со безгрешна трка стигна до 7мо место, а беше “унапреден“ на 6то по казната на Оливие Пани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ