Камилери: Ферари ќе треба да го “крене” Фетел

Ферари ќе треба да поработи да го крене духот на Себастијан Фетел по лошата трка во Италија, побара Главниот извршен директор на компанијата, Луи Камилиери.

Иако Шарл Леклер ја претвори пол позицијата во победа, прва за тимот по 2010 година, Фетел имаше лоша трка откако се изврте на Аскари додека беше на четврто место. Германецот на враќање го поткачи Ленс Строл за што заработи казна застанување во бокс.

Себ, ќе поработиме да го вратиме неговиот дух. Возачите се еднакви. Така ја започнавме сезоната и ги развиваме работите со тек на време и не сакаме луѓето да го отпишуваат Себ. Тој е одличен возач и не сакаме да се изгуби довербата во него – најави камилиери.

Себастијан е на една сериозна казна (три казнени поени) до забрана за трка откако доби уште 3 поени на неговата лиценца за инцидентот со Строл.

Направив грешка и се излизгав. Од тогаш трката беше различна. Не успеав да се вратам и заглавив во тревата. Го загубив моментУмот и се беше потешко. Не беше идеално бидејќи многу очекував. Се обидов да се вратам што побрзо.

Камилери ги поздрави перформансите на Леклер кој жестоко се одбрани од нападите на двата Мерцедеса за да стигне до втора последователна победа за Скудерија оваа година.

Ова е одлично чувство. Среќен сум За целиот тим и за фановите. Тука победуваме после 9 години и беше многу емотивно. ова е награда за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ