Канада: Совршена стратегија за нова победа на Хамилтон

Втора победа во серија за Луис Хамилтон и втора негова последователна победа во Канада за дополнително доближување во генералниот пласман до својот тимски колега. Второто место му припадна на Себастијан Ветел од Ферари кој се обиде се за да победи, а финецот Валтери Ботас од Вилијамс рутинирано и без грешка стигна до најниското место на подиумот.

Стартот најави возбуда и штом се изгаснаа црвените светла, Ветел од 3то место се катапултираше и прелесно ги мина Мерцедесите превземајќи го водството. Хамилтон и Розберг имаа дуел по кој повторно подебелиот крај го извлече грманецот. На првиот лев свиок Хамилтон беше од внатрешната страна, а Нико однадвор. Се допреа и Розберг ја напушти патеката и додека влезе во ритам го комплетираше првиот круг на 10то место.

Контакт на 3от свиок имаа и Кевин Магнусен и Фелипе Наср. Реното беше одвнатре и го закачи Зауберот одзади по што Наср од средината на гридот се врати на последно место.

Хондата во болидот на Џенсон Батон беше подготвена за само 11 кругови. Моторот на Мекларен почна да чади, а британецот се паркираше крај патеката и предизвика виртуелно безбедносно возило.

baton_kanada

Штом правилото за виртуелно безбедносно возило беше на сила, Фераари се решија за нови пневматици кај Ветел и Раиконен и ултрасофт компонентата во 12от круг беше променета со суперсофт. Себастијан влезе во трка како 4ти, а Кими како 15ти. Ферарито со број 5 експресно се впушти во потера по Ред Булите.

Кругот број 18 беше моментот кога Ветел во пресрет на “шнолата“ го фати Даниел Рикардо неподготвен и ја превзема неговата 3та позиција. Следниот круг германецот во 2та ДРС зона го мина и Макс Верстапен и дојде до 2то место кое го задржа до крајот на трката.

Реното на Палмер беше 2от болид кој се откажа. Џулион се паркираше во гаражата по 19 кругови поради проблеми со сопирачките.

Возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо менуваа гуми во 21от и 22от круг. Беа монтирани софт пневматици и се чинеше дека “разјарениот бик“ ќе оди на стратегија со едно застанување во бокс.

Мерцедес менуваше во истиот период, Розберг влезе во 22от круг и искочи на софт, а Хамилтон последен од водечките, во 24от круг и исто така доби жолта компонента. Луис по враќањето на патеката излезе на 2ро место со 13 секунди заостаток зад Ветел кој го превзема водството.

Еден од 2та возачи кои ја почнаа трката со софт, Серхио Перез, ги промени своите гуми во 31от круг, издржувајќи најдолго.

Раното влегување во пит на Скудерија значеше дека тие по втор пат ќе одат во гаража. Раиконен беше прв во групата која ја сочинуваа уште Рикардо, Ботас и Розберг и многу брзо ги потроши своите суперсофт гуми. 34от круг беше моментот кога финецот влезе во бокс по нови пневматици, овојпат жолти и се врати на 8мо место. Три кругови по него истото го стори и Себастијан Ветел и се разбира дека го загуби водството и излезе на 7 секунди од Хамилтон.

rai_rik_bot_kanada

37от круго исто така беше моментот кога Фелипе Маса ја заврши трката паркираји го болидот кај своите механичари. Сепак, кругот не беше така несреќен за екипата од Гров затоа што истиот круг Ботас искористи грешка на Рикардо и го презема неговото 4то место.

masa_kanada

Ред Бул не го проценија добро трошењето на гумите и сватија дека со едно застанување нема да можат до крајот на трката. Рикардо во 39от круг влезе по нов сет софт, додека Верстапен во 47от доби нов сет ултрасофт кој многу му помогна во битката која ја водеше со Нико Розберг последните 5 кругови од трката.

vetel_kanada

Дека Нико Розберг не бадијала се жалеше на 20тина кругови пред крајот на трката покажа 52от круг кога влезе во бокс за промена на гумите, откако механичарите му соопштија дека заден пневматик на неговиот болид е дупнат. Германецот искочи како 7ми, но со нов сет на гуми. Кругот број 55 беше моментот кога го мина Даниел Рикардо за 6то место, а 58от круг и Кими Раиконен за 5то место. Сепак по 5 кругови борба не успеа да го мине и Макс Верстапен и дури се изврте на последниот свиок во 69от круг, но немаше болид во близина кој би го искористил тоа.

ros_rai_kanada

Тинејџерот Макс Верстапен покажа извонредно дефанзивно возење и дојоде до 4то место, задржувајќи го Нико Розберг зад себе. Раиконен и Рикардо беа 6ти и 7ми, Хулкенберг и Перез повторно во поени за Форс Индија (8мо и 10то место), Саинз заврши 9ти.

max_ros_kanada

По оваа трка, разликата помеѓу Розберг и Хамилтон падна на 9 поени, а Ветел е назад дополнителни 29. Интересно е битката за 2ро место кај конструкторите каде Скудерија има предност од достижни 17 поени.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-07-kanada.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ