Кацигите на Араи добија одобрување

Араи е последниот производител и доставувач на кациги во Формула 1 кои ги мина задолжителните тестови на ФИА така што нивните производи ќе бидат достапни за користење на првата трка во Австралија.

Сезонава кацигите мора да бидат во согласност со стандардот 8860-2018, а тоа се однесува и на Формула 2 серијата. На тестовите, новите модели мора да издржат удар од метален диск со тежина од 225 грама при 250 километри на час брзина, тежина од 10 килограми падната врз нив од 10 метри височина, куршуми испукани директно во визирот како и пламен од 190 степени.

Моделите кои го поминале тестот ќе им бидат достапни на возачите и ќе може да ја носат потребната налепница од ФИА поради хомологацијата.

Возачите добија дозвола да користат кациги на Араи за време на тестовите во Барселоан неделава со доказ од страна на јапонците дека тие производи дури и без сертификатот на ФИА се побезбедни од ланските модели.

Корисници на производите на Араи се Себастијан Фетел и Даниел Рикардо кои продолжија со истите кациги во Барселона додека Макс Верстапен и Пјер Гасли возеа со кациги од други прозиводители.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ