Квјат заслужил повеќе да вози за Ред Бул, сметаат македонските фанови

Летната пауза во Формула 1 помина и во исто време ни донесе шокантна, но и очекувана одлука од екипата на Ред Бул.

Имено, поради значително слабите перформанси во однос на Макс Верстапен, Пјер Гасли беше испратен назад во Торо Росо, додека на негово место пристигна дебитантот во 2019 година, Александер Албон.

Земајќи го подобрениот и созреан пристап на Даниил Квјат во неговиот повраток во Формула 1, КРУГ.МК, вашиот прв избор за моторспорт вести, КРУГ.МК направи анкета преку социјалните мрежи за вашето мислење во однос на оваа одлука на Ред Бул.

На анкетата која ја објавивме преку нашата Facebook страна, прашањето беше мошне едноставно и директно: Дали Александер Албон е правилниот избор, или пак Квјат заслужи нова шанса во сениорската екипа на Ред Бул?

Анкетата се прошири до 1126 индивидуи, од кои 97 го дадоа својот глас. Од 97 гласови, 60 од вас сметаат дека Квјат требало да добие нова шанса или 62 проценти од гласовите, додека 37 сметаат дека Хелмут Марко ја донел правилната одлука, или 38 проценти.

До крајот има уште 9 трки, почнувајќи од Големата Награда на Белгија. Овие 9 трки ќе покажат кој бил во право. Останува да видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ