Квјат: Марко изјави дека сум бескорисен на мокро

Рускиот возач, Даниил Квјат, му е благодарен на доктор Хелмут Марко за турбулентната кариера. Тој заврши на трета позиција во Германија по хаотичната трка и освои прв подиум за Торо Росо по победата на Себастијан Фетел на Монца во 2008 година.

Последните 24 часа пред трката беа многу турбулентни за Квјат бидејќи тој стана татко претходната вечер.

Ова беа извонредни години во мојот живот. Имам многу работи завршено во животот и понекогаш е тешко и мислев дека Формула 1 заврши за мене, а денес сум на подиум иако не сметав дека тоа ќе се случи повторно.

Трката беше тешка за сите но успеав да останам со ладна глава. во изминатите три тешки години почуствував дека конечно паднале од моите рамена.

Имав тешка работа да го достигнам овој момент и се надевам дека испраќам добра порака никогаш да не се откажуваш од тоа што го сакаш.

Сите на подиумот се ученици на Хелмут Марко кој долги години раководи со Академијата за млади возачи на Ред Бул, а Квјат е благодарен за вмешаноста на Марко и за тоа што направил тој од него.

Му благодарам на Хелмут Марко за се што направи за мојата кариера. Повеќе дури и од Верстапен и Фетел. Тој е посебен човек во мојот и нивниот живот.

Благодарен сум за неговиот влог во мојот развој и се што направи за мене. Тука сум благодарение на него. Првиот мој тест во Формула БМВ беше на мокро и тој ми кажа дека сум бескорисен кога врне и ми затвори слушалка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ