Квјат најавува дека Канада ќе биде одличен тест за Хонда

Даниил Квјат смета дека претстојната трка во Канада ќе биде одличен тест за нивото на напредок кој Хонда го има со својот мотор оваа тркачка сезона.

Јапонците сезонава стигнаа и до подиум, прв по нивното враќање во Формула 1, но сеуште не знаат точно какви се нивните перформанси во однос на водечките. Русинот е охрабрен од перформансите и смета дека долгите правци на патеката Жил Вилнев може да донесат важни одговори за напредокот и придобивките кои ги има јапонскиот производител.

мојата сезона за сега е добро и се надевам дека ќе продолжам во ист стил. патеката е посебна и ќе биде супер тест за моторот во однос на тоа колку можеме да бидеме брзи на правците и поради тоа сме нетрпеливи за трката – објасни квјат.

По првите 6 трки Дани има освоено 9 поени, исто како и во 2016 и 2017 година заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ