Квјат: Не очекував многу во трката

Даниил Квјат го изрази своето задоволство со трката за Британското Гранд При, откако се пласираше на деветто место во Силверстон.

Русинот стартуваше од 17та позиција, но извозе фантастично за пласман во поени. По овој резултат, тој има вкупно 12 во сезоната, 5 поени пред Александер Албон и уште еднаш ја покажа својата зрелост и смиреност поради кои беше критикуван во минатите учества во Ф1.

Многу сум среќен со трката. Ако сум искрен, не очекував многу стартувајќи од задните редови. Цел викенд мислев дека немам ритам и се мачев со балансот, но кога значеше, успеав да извлечам се од болидот.

Добро е што освоивме два поени и тоа беше важно за да се вратиме по неколку слаби трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ