Квјат: Од последно до 7мо место е одличен резултат

Даниил Квјат тивко имаше неверојатни перформанси на Белгиското Гранд При, откако русинот се искачи од 19то до 7мо место во трката.

Возачот на Торо Росо беше приморан да стартува од задните редови поради неколку казни по промена на моторот, но неговиот напредок беше прилично импресивен.

Квјат вели дека е задоволен што Торо Росо се силни во трка, што им помага во сезоната, а русинот сега е на 8мо место во пласманот, 2 поени пред Кими Раиконен.

Имавме фантастична трка, од последно до 7мо место е одличен резултат. Знаевме дека на пониска температура може да биде подобро за нашиот болид и всушност имавме многу голем чекор напред.

Нашиот болид е подобар во трките годинава, што мене ми се допаѓа. Тогаш треба да сме побрзи. Имавме неколку претекнувања, добар менаџмент со пневматиците, одлична стратегија и имавме перформанси да бидеме конкурентни.

Навистина сум среќен со тркањето и со последниот резултат. Беше многу забавно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ