Квјат: Со обратен грид само се крпат проблемите

Со обратен грид само привремено би се решиле вистинските проблеми на спортот, изјави Даниил Квјат. Тимовите и Либерти Медиа дискутираат за идејата да пробаат неколку трки со обратен грид во Сабота следната сезона, пред тоа да се прифати редовно во иднина.

Иако за тоа има се поголема согласност, Квјат семта дека тоа нема да ги реши проблемите на спортот.

Тоа е само крпење на проблемот, но не е решение. Сакаме поголема конкуренција, а Тоа нема да се добие со спринт трки.

Обратен грид не е природен за мене, Тоа е мојата реакција, Но тоа го мислев и за халото.

Треба да помине време за да се прифати тоа. Се чини дека со тоа заминува традицијата на спортот – смета дани.

Квјат смета дека треба да се посвети внимание на тоа зошто гридот е поделен на два дела, нешто со што се согласува и Карлос Саинз.

Мислам дека треба да се види зошто сме поделеи во две дивизии, а Тоа би го поправило шоуто.

Шоуто на средината е забавно, а имаме болиди со кои е невозможно да се престаса. Треба да се реши проблемот со престасувањето. Доколку се реши тоа на Формула 1 нема да и треба обратен грид – смета карлос.

За Квјат правилата треба да се променат и да имаме трки кои се одлучувааат во последниот круг.

Топ три тимовите се добри на различни патеки, еден е добар на правци друг на свиоци, Но треба да има и повеќе тимови како Рено и Мекларен кои би биле на исто ниво. Такво нешто гледаме во МотоГП до последниот свиок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ