Квјат со остри критики кон уште поограничено тестирање

Возачот на Торо Росо, Даниил Квјат, вели дека целосно е против намалување на предсезонските тестови во Формула 1, сметајќи дека првенството веќе има премногу ограничено тестирање.

Откако календарот за 2020 година ќе се прошири на 22 трки, Ф1 најверојатно ќе премине кон поинаков модел на тестирање и распоред, а опциите како единечен тест од 5 или 6 дена се смета како можна замена за моменталните два теста од вкупно 8 денови.

Квјат е убеден дека ниту еден предлог ќе биде добар за Ф1, бидејќи ќе мора да балансираат помеѓу вистинско тестирање на патеката и во симулаторот.

Не се согласувам со идејата, ако сум искрен, бидејќи веќе имаме премногу ограничено тестирање. Треба да имаме повеќе вистинско возење, наместо во симулатор. 100 проценти сум против.

Тоа што го правиме сега е минимум за еден возач. Не сум љубител на возење во симулатор, би сакал повеќе тестови на патеката. Формула 1 не треба да функционира на овој начин. Треба да возиме. Ова е единствен спорт каде се тренира толку малку.

Можеби не мора да биде како во минатото, но не треба да биде помалку отколку што е сега.

Бројот на трките ќе се зголеми наредната година, тоа оди против планот, но можеби симулаторот ќе биде помалку вклучен или нешто слично. Не знам. За мене како возач повеќе би сакал да возам вистински болид на вистинска патека, наместо во симулатор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ