Квјат: Торо Росо се подобруваат за квалификациите

Даниил Квјат верува дека тој и Торо Росо почнуваат да го извлекуваат целосниот потенцијал на нивниот болид на брзите, летечки кругови во текот на квалификациите.

Квјат не успеа да дојде до К3 во последните три настани, но во Баку се квалификуваше на 6та позиција, а на последната трка стигна и до 9то место со еден од најдобрите кругови во неговата кариера.

Мислам дека веќе е подобро. Брзината и разбирањето на болидот ми помагаат да го извлечам максимумот. На првите квалификации ни беше потешко, но по Баку и Шпанија е подобро. Се надевам дека доволно го разбираме болидот.

Квалификациите ни беа слаба точка. Само Хаас се напред и треба да сме задоволни.

Квјат додаде нови поени на Торо Росо во Шпанија, но тимот останува на 9та позиција со заостанување од 6 поени зад Рено.

МИслам дека имавме шанса во Шпанија и тоа беше најголема борба да завршиме најдобри од останатите. Тимот работи напорно и неколку пати имавме добро темпо за трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ