Квјат ќе стартува последен

Целосна промена на агрегатот во болидот на Даниил Квјат од Торо Росо, значи дека ќе го почне Француското Гранд При од последното место на гридот.

Хонда донесе трет мотор годинава на Пол Рикар, агрегат кој треба да има повеќе моќ и подобрена издржливост во однос на претходниот. Истиот освен во болидот на Дани ќе биде вграден и во болидите на двајцата возачи од Ред Бул. Освен моторот со внатршно согорување, русинот го пречекорува и дозволениот бој на кинетички МГУ-К делови, батерија за складирање на енегијата и контролна електроника.

да, ќе стартувам од позади. како и да е, колку компоненти и да се променат, ќе стартувам позади, не знам точно од каде, но знам дека квалификациите нема да бидат многу важни за мене овој пат – изјави Квјат.

Единствен возач кој нема да добие нов мотор на Хонда е Александер Албон чиј агрегат е со најмалку километри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ