Кери: Имаше смисла да ги одложиме правилата до Октомври

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, вели дека одложувањето на рокот за правилата за 2021 година до Октомври било добра одлука, наместо да се брза со истата.

Формула 1 цели кон нова ера од 2021 година со нови спортски, технички и финансиски регулативи кои се подготвуваат повеќе од една година.

Првичниот краен рок на ФИА беше на крајот на Јуни, но по средба во Монтреал пред Канадското Гранд При и потоа во Париз помеѓу Формула 1 менаџерите, владеечкото тело и тимовите, се дојде до заклучок дека е потребно повеќе време.

Имаше смисла да ги одложиме правилата до Октомври. Ние сме глобален спорт и има премногу елементи кои треба да се завршат. Состанокот во Париз беше се околу иднината на спортот, како Формула 1 треба да изгледа, како спортот ќе донесе повеќе драма за фановите.

Дискутиравме со тимовите, зборевме со ФИА и дојдовме до заклучок дека има смисла да се продолжи рокот до Октомври.

Подобро е да се направи тоа правилно, наместоа да се брза, затоа одлучивме да се одложи до Октомври.

Тимовите за време на состанокот го критикувале изгледот на болидите за 2021 година. Еден тимски инженер истакнал дека болидите во 2021 година ќе изгледаат како “набилдани“ ИндиКар болиди.

Не можам да помислам дека ќе им се допаднат на тие со возраст од 20 до 25 години. Оригиналниот планиран футуристички изглед изчезнал. Болидите во компјутерските игри изгледаат подобро од овие.

Покрај сите теми на дискусија, една од главните е ограничувањето на буџетите, за што Кери го истакна следното:

Фановите се причината поради која се тркаме на прво место. Од друга страна, потребно ние е искуството на професионални кои ќе носат правилни одлуки. Сакаме да го заштитите спортот и да го задржиме тоа што го прави одличен.

Сакаме да ја подобриме конкурентноста на патеката, додека трките да бидат возбудливи и драматични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ