Кими го опиша Италијанското Гранд При како ср***

Кими Раиконен имаше Италијанско Гранд При кое ќе сака да го заборави откако доби погрешни гуми од Алфа ромео на стартот од трката, по што доби казна од стјуардите.

По промена на моторот и менувачот кои страдаа на неговиот судар во сабиотниот К3 квалификациски сегмент, финецот почна од боксот, но тимот не му ги намести гумите со кои од К2 мина во К3 поради што доби казна од 10 секунди.

навистина немам објаснување за казната затоа што не ги познавам правилата. некој нешто зафркна, но сепак се случи. дополнително, квалификацискиот сет гуми беше целосно бескорисен.

викендот беше за никаде, направив грешка на квалификации, денеска повторно и поради некоја причина имавме и погрешни гуми.

ако не погрешев на квалификациите и ако не беше грешката со гумите, сигурно ќе имавме одличен резултат денеска – смета раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ