Кими доби и нов мотор, ќе тргне од боксот

Кими Раиконен, возачот на Алфа Ромео ќе ја почне трката во Италија од боксот откако по сударот насредина од К3, мораше најпрво да промени менувач, а потоа и мотор.

Финецот се квалификуваше на 10то место без поставено време во последниот квалификациски сегмент затоа што додека го возеше својот летечки круг, загуби контрола на Параболика, се изврте и заврши во оградата крај патеката со задниот дел од болидот. Го оштети моторот и менувачот кои бараа промена.

патеката немаше никаква врска. јасно е дека направив грешка и платив за тоа. така треба да биде секогаш – се помири раиконен по крајот на сесијата.

Од претходно е познато дека неговито болид ќе добие нов менувач, предвремена промена која му носи казна од пет позиции на стартот, но инженерите и механичарите увидоа дека ќе му треба и нов агрегат од последната спецификација на Ферари. Поради тоа што се смета дека болидот е во парк ферме услови штом почнуваат квалификациите, ваква работа ќе значи старт од боксот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ