Кими и Антонио очекуваат К3 квалификации

Кими Раиконен позитивно гледа на петочните тренинг сесии со Алфа ромео во Франција откако попладнето беше во 10те најбрзи возачи.

Утринската сесија финецот ја заврши со 16то време, но во текот на денот значително се подобри и беше 1,7 секунди зад најбрзото време на Ботас. Тој смета дека е важно да продолжат со работата и да извадат максимум од Алфа ромео болидот за да финишираат во поени откако Азербејџанското Гранд При беше последна трка со поени за нив.

лесно е да се види што кажува времето по круг, но како и обично не може многу да се заклучи од петочни сесии. генерално јас сметам дека имавме позитивен ден и задоволен сум. мораме да продолиме да работиме за да извадиме максимум од болидот и ќе видиме како ќе завршиме на квалификациите.

Неговиот колегса, италијанецот Антонио Џовинаци, смета дека Алфа треба да цели на топ 10 откако втората сесиај ја заврши со 7мо време. Тој сеуште нема поени сезонава и има само едно К3 појавување, а смета дека викендов е можно и втор пат да се појави во последните 12 минути од квалификациите.

можеме да бидеме задоволни со првиот ден на патеката и тоа што завршивме во топ 10. средината како и секогаш е густа и сеуште треба да работиме во текот на ноќта за да најдеме уште малку перформанси, но сепак почетокот на викендот е позитивен. утре е друг ден и мораме да се фокусираме и работиме напорно за даимаме најдобро подготвен болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ