Кими решен да заборави на скорешните лоши трки

Кими Раиконен оди во Сингапур решен да ги стави скорешните лоши изданија во Белгија и Италија зад себе. Финецот имаше судар со Макс Верстапен во првиот круг во Белгија, додека на Монца мораше да почне од боксот пораид инцидентот на квалификациите, а потоа доби и казна поради несоодветни гуми на неговиот болид на почетокот на трката.

спа и монца не беа добри, но тоа е веќе зад мене. нашата цел за сингапур не се менува, ни треба добра трка и добра работа на секоја сесија затоа што само така можеме да бидеме пред конкурентите од средина на поредокот – смета раиконен.

Во моментов швајцарската екипа се наоѓа на 8мо место во поредокот, иако во текот на сезоната беа и 6ти.

разликите во средината од поредокот се многу мали и треба да не грешиме со двата болиди за да се бориме за што пвоеќе поени и подобар пласман во поредокот.

сингапур е викенд кој бара многу од сите во тимот, влажно е и топло, времињата се чудни и предизвикот голем. покажавме дека можеме да бидеме конкурентни секаде и нема причина зошто тоа да не биде така и викендов. кругот е долг и секој детал е битен – смета фред васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ